Роџер Федерер ќе игра за титулата на Мастерс купот во Лондон против Новак Ѓоковиќ, денеска од 19 часот, по трилер победата над Станислас Вавринка. Во швајцарската пресметка Федерер беше подобар од сонародникот во три сета со 4-6, 7-5, 7-6. На двапати најтрофејниот активен тенисер беше на работ на пораз, но успеа да се спаси и да победи.
Вавринка имаше сервис за победа во третиот сет при резултат 5-4, но Федерер направи брејк и потоа се избори за тај-брејк, Тој поведе со 5-3 во поени, но Вавринка со три прецизни удари повторно дојде до можност да слави и пак не успеа. Федерер сега направи серија од ри поени за конечна победа и пласман во финалето.
Утре во Лондон пак ќе има спектакл и финале меѓу двајцата најдоброрангирани светски тенисери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



