Новак Ѓоковиќ е незапирлив во Лондон на Мастерс купот со најдобрите 8 тенисери во 2014 година и со третата победа во низа го освои првото место во А групата и се пласира во полуфиналето.
Со победа од 6-2, 6-2 против Томаш Бердих Ѓоковиќ потврди дека е во извонредна форма и дека ќе атакува на нова круна на завршните турнири во сезоната. Со него во полуфиналето веќе се и Роџер Федерер и Кеи Нишикори, а за последниот патник ќе одлучи дуелот меѓу Станислас Вавринка и Марин Чилиќ што ќе се игра вечер од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



