| четврток, 6 декември 2018 |

Египетскиот суд ја потврди смртната казна

egypt-soccer-galleryЕгипетски суд денеска потврди смртна пресуда за 21 човек заради улога во немири минатата година на фудбалски натпревар кога загинаа 74 луѓе во градо Порт Саид.

Поранешниот началник на безбедносната гарда и деветмина други добија по 15 години затворска казна, петмина доживотна, а затворска казна изречена е и за девет други обвинети.

Насилства во Порт Саид имаше повторно на 28 јануари по изрекувањето смртни пресуди. Меѓу обвинетите беа и деветмина египетски полицајци, иако на смрт се осудени воглавно навивачи на фудбалскиот клуб Порт Саид ал Масри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top