| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Париз: Французите во потера по тигар

tigar

Ловот на тигарот, кој бил забележен на паркингот на еден супермаркет во Франција, трае веќе два дена.

Припадниците на полицијата, војници и пожарникари, со поддршка на хеликоптери и на термички камери, трагаат по животното во Монтеврен, 40 километри источно од Париз.

Една жена вчера им се обратила на властите затоа што видела голема мачка на паркингот на супермаркетот. Таа успеала да го фотографира тигарот, а подоцна во текот на денот животното е видено и на друга локација.

Властите ги советувале жителите на Монтеврен и жителите од околните места да не одат пешки и да ги избегнуваат шумските предели.

Силите на безбедноста се распоредени околу училиштата, посебно пред почетокот на наставата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top