| четврток, 6 декември 2018 |

Женски човечиња ќе светнат на семафорите во Германија

430x277

Полова еднаквост по улиците во Германија. Тоа е целта на властите во германскиот град Дортмунд, каде што се разгледува воведувањето 50 проценти женски симболи на уличните семафори.

Локалните политичари од Социјалдемократската партија и партијата на Зелените велат дека штом им се даваат  еднакви права на мажите и на жените, редно е делумно да се менуваат и човечињата на семафорите.

За да бидат заштедени средства тие ќе бидат заменувани етапно, така што прво женски човечиња ќе светнат на местата каде што семафорите се скршени или оштетени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top