
Театарот за деца и младинци ќе гостува во Прага, Чешка со претставата „Македонска приказна“ која ќе се одигра во Театар „Минарет“ на 16 ноември. Ова гостување е во рамките на македонските денови на културата што ги организира Министерството за култура, по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Чешката Република.
– „Македонска приказна“ е вистински репрезент на нашиот театар и нашата држава, а тоа го потврдуваат деветте меѓународни награди што оваа претстава ги има освоено на интернационални фестивали во регионот и пошироко – велат од Театарот за деца и младинци.
Режијата е на светски познатиот режисер на куклени претстави Боњо Лунгов, а во актерската екипа се Татјана Павловска Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци


