| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот за деца и младинци ќе гостува во Прага со „Македонска приказна“

mak_prikazna

Театарот за деца и младинци ќе гостува во Прага, Чешка со претставата „Македонска приказна“ која ќе се одигра во Театар „Минарет“ на 16 ноември. Ова гостување е во рамките на македонските денови на културата што ги организира Министерството за култура, по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Чешката Република.

– „Македонска приказна“ е вистински репрезент на нашиот театар и нашата држава, а тоа го потврдуваат деветте меѓународни награди што оваа претстава ги има освоено на интернационални фестивали во регионот и пошироко –  велат од Театарот за деца и младинци.

Режијата е на светски познатиот режисер на куклени претстави Боњо Лунгов, а во актерската екипа се Татјана Павловска Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top