| четврток, 6 декември 2018 |

Четврто коло од квалификациите за ЕП во Франција

Осум натпревари во три групи од 4. коло ќе се одиграат вечерва од квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година.

Во Белград кај Србија гостува Данска, а овој натпревар ќе се одигра без присуство на публика поради инцидентот на дуелот Србија – Албанија. За одбележување е и натпреварот на светскиот првак Германија со дебитантот во квалификациите Гибралтар.

Распоред на вечерашните натпревари:

Група Д: Грузија – Полска, Германија – Гибралтар, Шкотска – Република Ирска.
Табела: Полска 7 бодови, Република Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.

Група Ф: Грција – Фарски Острови, Унгарија – Финска, Романија – Северна Ирска.
Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Финска 4, Унгарија 4, Грција 1, Фарски Острови 0.

Група И: Португалија – Ерменија, Србија – Данска. Слободна е Албанија.
Табела: Данска 4, Албанија4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.

Утре Македонија е домаќин на селекцијата на Словачка, а, покрај овој натпревар, ќе се играат и дуелите од другите шест групи в сабота и в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top