Осум натпревари во три групи од 4. коло ќе се одиграат вечерва од квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година.
Во Белград кај Србија гостува Данска, а овој натпревар ќе се одигра без присуство на публика поради инцидентот на дуелот Србија – Албанија. За одбележување е и натпреварот на светскиот првак Германија со дебитантот во квалификациите Гибралтар.
Распоред на вечерашните натпревари:
Група Д: Грузија – Полска, Германија – Гибралтар, Шкотска – Република Ирска.
Табела: Полска 7 бодови, Република Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.
Група Ф: Грција – Фарски Острови, Унгарија – Финска, Романија – Северна Ирска.
Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Финска 4, Унгарија 4, Грција 1, Фарски Острови 0.
Група И: Португалија – Ерменија, Србија – Данска. Слободна е Албанија.
Табела: Данска 4, Албанија4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.
Утре Македонија е домаќин на селекцијата на Словачка, а, покрај овој натпревар, ќе се играат и дуелите од другите шест групи в сабота и в недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кошаркарките ги добија противниците во квалификациите за ЕП
-
Митревски со втора најдобар одбрана во јунските квалификации за ЕП (видео)
-
Македонија е на Европското првенство, Чешка не ни е дораснат противник!
-
Само пораз од десет голови разлика од Чешка може да и го одземе Европското првенство на Македонија