| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј се радуваше на секој поен против Федерер

Роџер Федерер е во извонредна форма што ја потврди со неверојатно лесен триумф против Енди Мареј за прво место во Б групата на Мастерс купот во Лондон.

Во „О2“ арената без здив гледачите ги остави врвното тениско ремек-дело на Швајцарецот, а победата од 6-0, 6-1 е импресивна.

„Се радував на секој освоен поен. Федерер играше неверојатно добро, па илузија беше да се надевам на сет. Само си мислев да го освојам следниот поен, илиа ако можам да врзам барем два. Јас играв лошо, но со Федерер на ова ниво, веројатно ќе загубев било како да играм“, рече Мареј.

endi marej

Тој го доживеа најтешкиот пораз во последните 7 години, а беше на прагот на тениска метла. Федерер имаше предност од 6-0, 5-0, но сепак Мареј се спаси од таканаречениот „марс“ или пораз без освоена игра.

Со овој неуспех Шкотот се прости од Лондон и испадна, а понатаму во полуфиналето одат Федерер и Кеи Нишикори. Во А групата денеска се последните мечеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top