Денеска се очекува конечниот број на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори. На полноќ заврши дополнителниот рок за доставување кандидатури.
Државната изборна комисија за утре најави уште едно жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.
Комисијата за верификација на факти денеска целиот ден ќе ги проверува новите кандидатури и да се утврди дали некои од кандидатите за советници и за градоначалници биле соработници со тајните служби.
Во меѓувреме се одвива и изборната кампања, која започна во понеделникот и ќе трае до 22 март. Изборниот молк е на 23 март и на денот на изборите. Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје, а во избирачкиот список за гласање се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.