| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогба ќе ги закачи копачките на ѕид

Напаѓачот на Челси, Дидие Дрогба, изјави дека оваа сезона би можела да му биде последна и дека сака во целост да ужива во неа. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска минтато лето се врати на „Стемфорд бриџ“.

Легендата на Челси, кој на тимот му ја донесе титулата во Лигата на шампиони, е миленик на публиката, а покрај тоа има голема доверба од менаџерот на лондонскиот тим Жозе Мурињо.

– Оваа година е клучна за мене. Ми остана уште една година, така што морам да дадам сѐ од себе на теренот и да освојам уште еден трофеј и повторно да се запишеме во историјата – изјави Дрогба.

Многумина веруваат дека доколку Дрогба се повлече наредното лето, би можел да добие место во стручниот тим на Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top