| четврток, 6 декември 2018 |

Украина доби 260 милиони евра помош од ЕУ

ukraijna-poluchi-€260-mln-ot-es-267823

Украина добила од Европската унија 260 милиони евра. Тоа е дел од финансиската помош доделена од Брисел за владата на Арсениј Јаценјук во Киев и има цел да им помогне на властите во источноевропските земји да ги надминат економските и финансиските тешкотии, се наведува во официјалното соопштение на украинското Министерство за финансии.

Каматата на заемот е 1,375 %, а кредитот треба да се отплати до 4 октомври 2024 година.

Следна помош се очекува во февруари 2015 година откако Киев ќе го исполни договорот за соработка со Меѓународниот монетарен фонд и други обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top