| четврток, 6 декември 2018 |

Најкратките бракови на познатите

kratki-zvezdni-brakove-141846-500x0

Како и сè друго во Холивуд, па и браковите се гламурозни, но кратки. Секое чудо за три дена, буквално таков е случајот со Ким Кардашијан и со Крис Хамфрис.

Видете некои од најкратките бракови на познатите. 

Ким Кардишјан и Крис Хамфрис

Ким Кардишјан и Крис Хамфрис

Ким Кардашијан и Крис Хамфрис се венчале на гламурозна церемонија. Но само 72 часа подоцна, Ким поднела барање за развод. Причината е дека Крис сакал да живее во Минесота, додека за Ким Кардишјан ништо поскромно од Лос Анџелес не е достојно.

Бритни Спирс и Џејсон Александар

Бритни Спирс и Џејсон Александар

Бритни Спирс и Џејсон Александер го уриваат дури и рекордот на Кардашијан. Двајцата се пријатели од детството и се венчаат во Лас Вегас, но бракот им е поништен по само 55 часа.

Рене Зелвегер и Кени Чесни

Рене Зелвегер и Кени Чесни

Рене Зелвегер, исто така, има еден краток брак зад себе. Семејниот живот за неа и за Кени Чесни траел само четири месеци.

Николас Кејџ и Лиза Мари Присли

Николас Кејџ и Лиза Мари Присли

Николас Кејџ и Лиза Мари Присли, исто така, спаѓаат во рангирањето за најкратки холивудски бракови, со нивниот краток семеен роман од три месеци.

Џенифер Лопез и Крис Џад

Џенифер Лопез и Крис Џад

Џенифер Лопез е друга ѕвезда, зависничка од бракови. Некои од нив се успешни, но тоа не може да се каже за нејзината романса со танчарот Крис Џад. Бракот им траел само девет месеци.

Бредли Купер и Џенифер Еспосито

Бредли Купер и Џенифер Еспосито

Сексапилниот ерген Бредли Купер може да се пофали со еден краток брак зад себе. Семејниот живот меѓу него и Џенифер Еспосито по документ траел само четири месеци. Претставник на Бредли Купер тврди дека двајцата реално живееле заедно многу помалку.

Дру Баримор е рекордер во кратки бракови. Актерката била мажена за Џереми Томас во 90-тите и тоа само 29 дена, додека нејзиниот брак со Том Грин траел импресивни пет месеци.

Памела Андерсон и Кид Рок се венчаат по костим за капење на плажа во Сен Тропе. Очигледно романтика брзо го напуштила нивниот брак, бидејќи двајцата се разведуваат четири месеци подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top