Мексиканци го запалиле парламентот на државата Гереро, пренесува „Би-Би-Си“. Околу 500 демонстранти, поради исчезнувањето на 43 студенти во септември 2014 година, демонстрираа вчера во главниот град на државата Чилпансинго. Властите од јужниот дел на латинскоамериканската земја јавиле за најмалку пет запалени возила. Пожарот ја зафатил и библиотеката на органот на законодавната власт, како и пленарната сала.
43 младинци исчезнале пред шест недели. Според многумина Мексиканци, локален наркодилер ги киднапирал и убил учениците. Неодамна беа откриени јагленосаните тела.
Остатоците беа испратени за експертиза во Австрија и резултатите ќе бидат јасни за неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)