| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на жалост во Кавадарци

убиство

На градските гробиштата во Кавадарци денеска ќе бидат погребани Илија, Билјана и Снежана Леови, кои во неделата попладне во семејната куќа беа убиени од нивниот зет.
Градоначалникот Александар Панов донесе одлука денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост во градот. На денот на жалоста знамињата во општина Кавадарци ќе бидат симнати на половина копје, а сите закажани културни и спортски манифестации се одложуваат. Угостителските објекти што се на територијата на општина Кавадарци денеска ќе емитуваат класична музика.

Осомничениот за трикратното убиство, Тони Станоев, вчера доби 30-дневен притвор откако по три дена бегство, беше уапсен на гробиштата во Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top