| четврток, 6 декември 2018 |

Oтворен клон на JУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром

biblioteka-braka-miladinovci (1)

Градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈУ Градска библиотека „Браќа  Миладиновци“, Бранко Цветковски, денеска свечено го отворија реновираниот објект на библиотечниот клон „Јане Сандански“ во општина Аеродром, дел од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

– Градот Скопје со задоволство ги  поддржува проектите од областа на културата, односно континурано вложува во реновирањето и подобрувањето на условите за работа во културните институции под негова ингеренција. Со целосното реновирање на овој клон во општина Аеродром,  сакаме  да  го доближува пишаниот збор до поголем број граѓани, вљубеници во читањето. На посетителите на овој клон ќе им бидат достапни 20 000 наслови, а во новоотвореното електронско катче периодично ќе имаат можност и бесплатно да читаат поголем број  е-часописи. За реализација на овој проект Градот од буџетот издвои 1.200.000 денари, а во иднина планираме да инвестираме  и во отворање на нови клонови во другите скопски општини за да ја донесеме книгата што поблиску до сите наши граѓани, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на библиотеката  „Браќа  Миладиновци“, Бранко Цветковски, посочи дека во реновираниот објект клонот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, целосно е заменета електричната инсталација, набавени се нови маси и полици за книгите, направен е бесшумен под, поставени се и нови прозорци,  со  што објектот влегува во категоријата на енергетски ефикасни објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top