Кејти Пери успеа да шокира голем дел од своите фанови. Причината е скандалозното признавање на пеачката, дека пред некое време размислувала за самоубиство. За време на разводот со Расел Бренд, Кејти била сериозно депресивна.
– Беше многу тажно, имав многу мрачни мисли, но за среќа никогаш не направив ништо. Понекогаш луѓето се заслепени од премногу силни емоции, искрена е Пери.
Потсетуваме дека 30 годишната Кејти Пери, се омажи за комичарот Расел Бренд во октомври 2010, но во декември 2011 година тие се разделија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.