Популарната Бијонсе неколку години го држеше местото на „кралскиот трон“ на најбогати пејачи, но на најновата листа на „Форбс“ таа повќе не е на првоот место, што изненади многумина.
Нова лидерка на листата на најбогати музичари на „Форбс“ е Кејти Пери со заработка од 1,8 милијарди долари, додека второто место и припадна на популарната Тејлор Свифт.
Новата „кралица“ од петото се искачи на првото место на најбогатите благодарение на својата турнеја „Присматик Ворлд Тур“, на која во просек заработува по 27,9 милиони од вечер.
– Горда сум што успешно ја водам својата компанија, имам свој бизнис и не се срамам поради тоа – изјави Пери пред неколку месеци.
Очигледно е дека Кејти знае што прави. Успехот на компанијата и заразните ритми на нејзините песни ја донесоа до „кралската позиција“.
Третото место на листата на „Форбс“ го зазема групата „Флитвуд Мек“, пред Лејди Гага, а на петото место се најде досегашната „кралица“, Бијонсе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.