| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата доведе до загуба на 30.000 работни места во Романија

маркет

Финансиската криза и агресивната експанзија на синџирите супермаркети и хипермаркети предизвикале затворање на околу 13.000 трговски фирми за исхрана во периодот од 2008 до 2013 година, поради што се укинати над 30.000 работни места во Романија.

Повеќето од компаниите, кои ја прекинале својата дејност, биле мали и не успеале да му се спротивстават на ваквиот притисок.

Намалувањето на бројот на вработените не е само поради исчезнувањето на овие мали фирми, туку и поради намалување на просечниот број продавачи во големите трговски ланци.

– Сите компании го прават својот бизнис поефективен во последните години, дури и во големите трговски синџири. Таму каде што имало тројца продавачи, сега се само двајца – изјави трговскиот експерт Луиза Морару.

Големите трговски ланци го направиле својот бизнис поефективен во периодот на кризата, кога за една четвртина го намалиле персоналот на 1.000 метри квадратни. Тие продолжиле да отвараат нови продавници, но без да вработат нови луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top