Замислете една голема куќа и во неа 12 луѓе. Секој од нив е припадник на различен знак во хороскопот. Прочитајте кој би готвел, којби чистел, кој ужива во полната куќа, а кој едвај чека да избега.
Личноста која на сите во таа куќа им кажува што треба да направат, која сите ја прашуваат за мислење, е во знакот на Овен. Сака да го има главниот збор, но кога ќе се повлече, тогаш никој не смее да ја дели собата со него и да му го нарушува мирот и интимата, зошто во спротивно ќе биде многу нервозен.
Кулинарскиот мајстор во куќата е во знакот на Бик.Освен што знае и сака да готви, таа личност е и одлична за водење на домашниот буџет. Останатите во куќата може слободно да го прашаат за совет во врска со штедењето и со правилниот распоред на приходите. Сака да си запее, да слуша музика и спаѓа меѓу повеселите личности во куќата.
Ако се прашувате кој носи книги во куќата, а пола од нив и не ги ни чита, тогаш се работи за Близнаци. Но без оглед на тоа, слободно прашајте го се што ве интересира, тој секогаш има решение, информации, најнова вест. Доколку сакате друштво за дружење во кафеана, за оговарање, сметајте на Близнакот.
Пред огледалото е Рак. Но со крпа во раката затоа што секогаш има што да се избрише и да се среди. Најпрво се мачка себе си, а потоа и куќата. Сака да оди во набавка, сака на сите да им е мајка, и се грижи и таму каде што нема место за грижи.
Ако сакате да се испружите во фотелјата, морате љубезно да го замолите Лавот малку да стане од неа. Тоа е личноста која обожува да чита книги и да гледа филмови. Сака да се забавува и затоа кога ќе стане од фотелјата, тргнува да се забавува. Препуштете му ги на Лавот домашните свечености и прослави, но немојте да му наредувате. Оваа самостална личност и не е баш највредна во куќата, но кога ќе земе да сработи нешто, сработено е.
За хигиената во куќата најмногу се грижи Девица. Таа знае и да ги нервира останатите членови во домот затоа што често ги опоменува на незавршените обврски. Да не е Девицата многу од станарите не би знаеле ни кој ден е, ниту кој месец. Оваа личност се занимава со домашните сметки и списокот за пазарење.
И Вагата помаѓа околу чистењето, но само кога има време, затоа што секогаш мора да оди на некој состанок, дали тоа било работен состанок или љубовен, таа секогаш е зафатена или се занимава со уметност. Цела куќа мора да биде уредена од страна на неа, но на останатите тоа нема да им смета затоа што Вага има високи естетски стандарди. Сметајте на Вагата и кога ќе дојде до расправија во куќата, таа знае дипломатски да го реши секој конфликт.
Шкорпијата покрај Ракот, најмногу се нервира ако се не е по нејзино. Оваа личност мора да има соба само за себе, со ролетни. Немојте да ја будите пред таа да реши да стане од кревет. Исто така не ја распрашувајте премногу, затоа што таа несака другите да знаат каде и со кого била, со што се занимава. Може да го исфрли ѓубрето и да помогне во чистењето, но само за викенд. Нејзините пари се само нејзини и несака заеднички живот, освен со партнерот.
Стрелецот оди на поткровје, сака долго да спие, па е поизолиран од останатите. Може да се сложи со секого во куќата и тој е тој кој носи друштвени игри и сака сите во куќата да бидат среќни и весели. Кога ќе дојде до расправија него никогаш го нема затоа што несака да ја троши енергијата на расправии.
Јарецот е тој кој што бара почитување на куќниот ред и несака многу бучава. Тој смета дека се мора да се одработи на врме. Оди на работа секој ден, не доцни и очекува мир и тишина кога ќе се врати дома. Се мора да биде по распоред.
Водолијата се труди на никого да не му пречи, си ги обавува домашните обврски, но само кога не е на компјутер. Сака да се дружи и секогаш има многу пријатели околу себе. Нема постојан ритам на живот. Сака да помага на други и сака да се дружи со нив. Не влага во конфликти и не се меша во туѓите животи.
Рибата одбира соба покрај купатилото, за да може брзо да стигне на ред за туширање. Расфрла по цела куќа и малку е неуредна, но секогаш е за да им помогне на пријателите. Сака да спие и поради тоа останатите станари ретко ја гледаат.
Доколку нема доволно соби за сите, тогаш цимери можат да бидат: Овен, Близнак, Лав, Стрелец и Водолија, во друга соба може да бидат Бик, Рак, Девица, Јарец и Риба, а во трета Шкорпија и Вага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.