
Енди Мареј забележа победа на вториот меч во групата на АТП-шампионатот во Лондон. За противник го имаше Милош Раониќ. Заслужено стигна до максимална победа од 2-0 во сетови.
Првиот сет мина во доминација на Мареј, кој знаеше како да стигне до брејк, а потоа и да ја задржи предноста до самиот крај за водство од 6-3. Британецот направи брејк и на самиот почеток од вториот сет, поведе со 2-1, но нешто подоцна го загуби сервисот и се влезе во неизвесна завршница. Сепак, Раониќ повторно потфрли при сервисот, и тоа при резултат 5-5, по што Мареј ја искористи втората меч топка за триумф со конечни 6-3, 7-5.
Мареј во третото коло ќе се сретне со Федерер, додека Раониќ за следен противник ќе го има Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


