| четврток, 6 декември 2018 |

Прв вегетаријански град во светот – Палитана во Индија

indiq-obqvi-pyrviq-vegetarianski-grad-v-sveta-267344

Индија може да се пофали со првиот целосно вегетаријански град во светот. Палитана беше прогласен за вегетаријанска, откако 200 монаси се заканија дека ќе гладуваат до смрт, ако месарниците во градот не бидат забранети.

Монасите-демонстранти сепак не се единствената причина Палитана да стане град без месо.

75% од 65 илјади население се џаинисти. Ова е една од најстарите светски религии и главната нејзина филозофија е ненасилство кон сите живи суштества. Во Индија има над 5 милиони припадници на џаинизмот.

До неодамна во планинскиот град имало зони без месо, но по протестите на монасите властите во државата Гуџарат, каде се наоѓа Палитана, објавиле цело село како вегетаријанска зона.

vegies-poster

Тие воведоа целосна забрана за продажба на месо и јајца, и ги прогласија сите месарници во градот за нелегални. Ова е победа за вегетаријанците, но исто така е и негативно за бизнисот на други. Сопствениците на кланици, како и рибарите, морале да прекинат со работа и да бараат егзистенција на друго место.

– Месото секогаш се наоѓало лесно во овој град, но е против учењето на нашата религија, вели еден од локалните џаинисти.

– Секогаш сме сакале целосна забрана на невегетарианската храна во ова свето место. Секому на овој свет, без разлика дали е животно или човек, му е дадено од Бога право да живее – вели џаинистот-монахот Вират Шагар Магараџа.

Не сите во Палитана се среќни од забраната. Една четвртина од населението е муслиманско и токму тие се бунат, бидејќи сметаат дека забраната за консумирање месо ги прекршува нивните права.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top