По повод 80 години од раѓањето и 10 години од смртта, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, организира Книжевно пладне посветено на македонскиот писател Бранко Варошлија. Чествувањето ќе се одржи утре напладне во Спомен- собатата на Миладиновци во Библиотека. За делото на Варошлија ќе говори Данило Коцевски а фрагменти од неговото творештво ќе интрепретира актерот Томе Витанов.
Раскажувачот и романсиерот Бранко Варошлија роден е во Скопје на 1 јануари 1934 година.Тој е автор на книгата раскази Осамени минувачи и на романот Последниот лет на птицата селица. Книжевната критика неговите книги ги објаснува како дело напишано според највисоките стандарди на модернистичкото писмо. Пишувал и драми и книжевни критики. Работел како драматург во Македонскиот народен театар и како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1958 година. Добитник е на наградата „Рациново признание“. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со мултимедијален перформанс ќе се затвори поетско-сликарската колонија „Нацртај песна“
-
Презентација на активностите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
-
Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на Миле Неделкоски
-
Книжевно пладне со Горјан Петревски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“