| четврток, 6 декември 2018 |

Липовина си замина од Металург, ракометарите на состанок со Минчо Јорданов

Владан Липовина си заминал од Металург, а остатокот од ракометарите кои се во тивок штрајк и бараат заминување на тренерот Лино Червар, но и исплата на заостанатите долгови се на состанок со спонзорот на шампионот Минчо Јорданов. Неофицијално ракометарите ќе добијат една плата, а неизвесно е како ќе се разреши јазолот на релација Червар -играчи.

Времето го гази Металург, клуб ште не претставува во Европа, во Лигата на шампионите, бидејќи до следниот меч и патувањето во Шпанија на меч против Ла Риоха има само 5 дена, не сметајќи го денешниот ден.

Трпението го загуби десниот бек Владан Липовина и тој веќе си заминал од клубот, како трет ракометар што тоа го стори во екот на кризата во Металург. Пред него спогодбено Металург го напушти голманот Дарко Станиќ, а потоа си замина уште еден голман Мирослав Коциќ.

metalurg-kil-2

Металург е притиснат и од Европската ракометна федерација (ЕХФ) каде се добро запознаени со проблемите на македонскиот шампион. Од ЕХФ побарале извештај за состојбата во клубот, па дури и одговор дали ќе продолѓат со настапи во Лигата на шампионите.

Останува денеска да се види епилогот од состанокот меѓу Јорданов и ракометарите и какви ќе биде судбината на играчите кои официјално се суспендирани и дали на кормилото на Металург ќе остане Лино Червар, или ќе се бара друго решение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top