| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува падот на цените во Грција

a

Потрошувачките цени во Грција во октомври паднаа за 1,7 отсто, по септемвриското намалување од 0,8 отсто, покажуваат податоците на грчката статистика.

Стапката на дефлација, според индексот на потрошувачките цени во ЕУ, во октомври се зголемила на 1,8 проценти, во споредба со септемвриските 1,1 отсто, иако аналитичарите очекува пад од еден процент.
Грција, која со години наназад имаше најголема инфлација во еврозоната, веќе 20 месеци се соочува со пад на цените, намалување на платите и пензиите и долготрајна длабока рецесија.
Дефлацијата беше на највисоко ниво во ноември 2013, кога потрошувачките цени се намалија за 2,9 проценти на годишно ниво.
Инаку, инфлацијата во 18-те земји кои како валута го користат еврото, во октомври благо порасна на 0,4 проценти, но таа и натаму е многу под посакуваното ниво на Европската централна банка од околу два отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top