| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ: Почнува со работа новинарска служба за борба против странската „пропаганда“

кремљ

Медиумската група „Русија днес“, која е финансирана од Кремљ, од денеска стартува со меѓународна новинарска служба, која ќе има за цел да се бори против „агресивната пропаганда“ на западните медиуми и да обезбеди „алтернативна интерпретација“ на глобалните случувања.
Новата служба „Спутник“ ќе располага со канецеларии во повеќе од 30 држави и ќе доставува информации за локалното население преку радио станици, интернет страници и социјални мрежи.
– Ние сме против агресивна пропаганда што се случува моментно во светот и која има намера за воспоставување униполарна конструкција на светот. Ние веруваме дека тоа е нереално, дека тоа го води човештвото кон страдања и крвопролевање, и дека нема ништо добро на тој пат – изјави генералниот директор на „Русија днес“, Дмитриј Кисељов.
Во секоја од овие дописнички бироа ќе бидат вработени до 70 луѓе. Мрежата ќе биде распространета во сите поранешни советски земји, во Вашингтон, Пекинг и во европски метрополи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top