| четврток, 6 декември 2018 |

Џеб Буш можен кандидат за претседател на САД

Џеб Буш

Џеб Буш

Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, изјави дека постои 50% веројатност неговиот брат Џеб да се кандидира на изборите за претседател во 2016 година.

61-годишниот Џеб Буш е поранешен гувернер на Флорида од 1998 до 2007 година.

Неговиот брат Џорџ Буш помладиот беше претседател од 2001 до 2009, а нивниот татко Џорџ Буш беше претседател од 1989 до 1993, а пред тоа потпретседател во двата мандати на Роналд Реган од 1981 до 1989.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top