| четврток, 6 декември 2018 |

Се појавија обвиненија и за Буш: Хедер Линд јавно проговори за сексуалниот напад од поранешниот претседател на САД

Поранешниот претседател на САД , Џорџ Буш ја нападнал актерката , а сведок на нападот била неговата сопруга , Барбара .

Актерката Хедер Линд , јавно го посрамоти поранешниот претседател со објавата на Инстаграм. Ѕвездата на серијата ,, Turn: Washington’s Spies” , на опишала средбата со Буш .

-Кога добив можност да го запознаам поранешниот претседател Џорџ Буш пред четири години на промоцијата на една историска серија , на која работев во тоа време , сексуално ме нападна додека позиравме за заедничка фотографија . Ме пипкаше од позади , додека седеше во својата инвалидска количка , а неговата сопруга Барбара стоеше од страна . Ми раскажа и безобразна шега , напиша 34- годишната актерка на Инстаграм .

Актерката раскажува и дека продолжил да ја пипа и за време на фотографирањето . Неговата сопруга само немо превртувала со очите , најверојатно сакајќи да каже ,, Не повторно “ , а неговото обезбедување и рекло дека не требало да застане до претседателот .

За настанот и објавата на актерката , од Дејли мејл се обратиле и кај поранешниот претседател Буш

-Претседателот Буш никогаш , ниту под какви околности не би направил некој да се чуствува непријатно и затоа најискрено се извинува доколоку неговиот смисол за хумор ја навредил госпоѓицата Лунд“ , се наведува во соопштението од кабинетот на Буш

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top