| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Сакам уште еднаш да бидам број еден

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а моментално втор на АТП листата, Роџер Федерер изјави дека би сакал уште еднаш пред крајот на кариерата да дојде до првата позиција на АТП листата.

Федерер има шанса тоа да го направи на завршниот Мастерс турнир во Лондон, кој започна вчера, но сепак се зависи од резултатот на моментално првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ.

– Доколку успеам да се вратам повторно на првата позиција, тоа би било прекрасно, тоа е едно посебно чувство. Веќе бев на таа позиција и знам колку би ми значело тоа, бидејќи кога ќе освоите турнир еуфоријата трае една недела или две, ова е сосема поинакво искуство. Ќе се обидам да го направам тоа, но Новак ќе го диктира темпото во Лондон – изјави Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top