Дербиот на актуелниот македонски шампион Вардар и претходниот освојувач на титулата Шкендија е одложено и нема да се игра задутре од 19,30 часот како што беше планирано. На сугестија на Министерството за внатрешни работи, што ја прифати фудбалската федерација на Македонија, натпревар на „Филип Втори“ арената в недела, нема да има. Причина за поместувањето на дерби мечот, за во вторник од 14 часот, е актуелната политичка ситуација во државата и протестите што кулминираа последните неколку денови.
Слично беше и со дерби дуелот од првото пролетно коло во Битола, меѓу Пелистер и Вардар, кое не се играше во предвидениот викенд термин, минатата недела, туку се одложи и одигра завчера. Како дополнителна мерка за безбедност, повторно е активирана и забраната за патување на гостински навивачи. Скопски „Комити“ кои се навивачи на Вардар не отпатуваа во Битола, а важи забраната и за „Балистите“ од Шкендија за гостување во Скопје, за мечот во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


