| четврток, 6 декември 2018 |

Апсењето на наркобосот Драгослав Космајац (видео)

534566_kosmajac4_f

Српските власти денеска објавија и видео снимка од апсењето на најголемиот наркобос на Балканот Драгослав Космајац. Тој беше уапсен по четиримесечна истрага на специјална комисија во српското МВР, која собирала докази за негова инволвираност во повеќе кривични дела – од шверц до даночно затајување.
На Космајац и на останатите седуммина приведени со него се задржани во траење од 48 часа, во кој рок ќе ги сослуша обвинител и судија во претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе им одреди мерка притвор.

Со оглед на тоа што адвокатот на Космајац е дел од адвокатите кои веќе два месеци штрајкуваат во Србија, нему и на останатите приведени им се доделени бранители по службена должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top