Актуелниот шампион на Италија и најдобриот тим на „чизмата“ Јувентус ја испрати Парма од Торино со полна мрежа голови. „Старата дама“ ја декласираше Парма со 7-0.
Дури три двојни стрелци имаше попладнево во редовите на Јувентус. Љоренте, Мората и Тевез. Играч на натпреварот е Лихштајнер ко постигна еден фантастичен гол и двапати беше асистент.
Со оваа победа Јувентус се одлепи на шест бода пред Рома во трката за првото место на табелата, но „Римската волчица“ има натпревар помалку кој го игра вечерва на домашен терен против Торино.
Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
Калјари – Џенова 1-1, Кијево – Чезена 2-1, Емполи – Лацио 2-1, Палермо – Удинезе 1-1.
Вечерва уште се среќаваат: Фиорентина – Наполи, Рома – Торино и Интер Верона.
Empoli 1-0 Lazio – Goal Barba by tansoula91
Empoli 2-0 Lazio – Goal Maccarone by tansoula91
Carlos Tevez Goal ~ Juventus 4-0 Parma 09/11… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.