| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Работнички со победи

vardar-skendija-18Водечките екипи во Првата фудбалска лига на Македонија, Вардар и Работнички постигнаа победи на попладневните натпревари од 15.коло. И двата тима остварија идентичен успех од 3:1. Работнички ја продолжи серијата победи (седум) и ја совлада Шкендија во ТетовоДва гола постигна Аце Стојков, а еден Марјан Алтипармаковски. Голот за Шкендија го постигна Христијан Кировски.

Вардар беше поуспешен од Металург, а двоен стрелец беше Јасир Асани. Хоризонт Турново и Брегалница победија со 2:0 на домашен терен. Хоризонт го совлада Тетекс, а Брегалница славеше над Ренова.
Голема победа од 1:0 на гости оствари Силекс над Пелистер во Битола со голот на Бобан Мариќ во 85.минута.
Со новите бодови, табелата е следна:
Вардар 37 бодови, Работнички 31, Шкендија 24, Силекс 24, Металург 21, Хоризонт Турново 20, Ренова 19, Пелистер 17, Брегалница 12, Тетекс 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top