| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски го промовира проектот за проширување на улица „Маџари“

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска го презентира проектот за реконструкција и проширување на улицата „Маџари“ во општина Гази Баба.

koceeeeeeee

– Улицата „Маџари“, на потегот од улицата „Методија Андонов-Ченто“ до надвозникот кај автопатот кој оди кон Велес и Куманово, претставува тесно сообраќајно грло во општина Гази Баба. Со овој проект е предвидено улицата да добие четири сообраќајни ленти, како и реконструкција на крстосницата меѓу улиците „Маџари“ и „Антон Попов“ со што ќе се добие поголема проточност во сообраќајот- изјави Трајановски.

Реконструкцијата и проширувањето ќе се одвива фазно. Во првата фаза, како што рече, реконструкцијата ќе се изврши од улицата „Антон Попов“ до улицата „Финска“ бидејќи тука имотно-правните односи се решени. Втората фаза, според Трајановски, ќе се одвива на потегот од улицата „Финска“ до надвозникот, откако ќе се расчистат имотно-правните односи.

Трајановски како клучен за овој регион го наведе и проектот за изградба на фекален колектор во Маџари со кој, смета дека ќе се реши еден децениски проблем на жителите од овој дел од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top