| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги стопите калориите?

1-pijalak-od-jabolka-koj-gi-topi-kilogramite-www.kafepauza.mk_

Како да ги стопите калориите? Направете напиток од вода, јаболко и цимет кој може да ви го забрза метаболизмот.

Антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати, притоа не поттикнуваат претерано лачење на инсулин, што е важен фактор доколку сакате да изгубите на тежина.Стручњаците наведуваат дека употребата на циметот го става под контрола лачењето на инсулинот, што овозможува успешно топење на масните наслаги.

Комбинацијата на јаболко и цимет фантастично го регулира метаболзмот и ефикасно ја намалува тежината елиминирајќи го вишокот на задржани течности од организмот.

За подготовката на ваков освежителен напиток ви е потребно едно јаболко, 1 стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав и 1,5 литар зовриена вода. Јаболкото исечкајте го на парчиња и ставете го во сад, додајте едно стапче цимет и прелијте го со изладената вода. Оставете да отстои 2 часа. Пијте го напитокот во текот на целиот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top