| четврток, 6 декември 2018 |

Близначки шест месеци по раѓањето се држат за раце (видео)

bliznacki

Близчанките Џена и Џилијан Тистлтвајт се родија во мај оваа година, држајќи се за рака. Тие и денес, по шест месеци се држат за рака, бидејќи така се чувстуваат посигурно.

Девојчињата, кои се моно-моно близначки, добро напредуваат.

– Џилијан е пониска од сестра си, има мали точки над левото око – изјави таткото Бил.

Близначките се родени во 33. недела, а мајката Сара морала да мине два месеци во болница пред да ги роди. Бебињата ја делеле плацентата и таква бременост се случува еднаш во 10 илјади случаи. Оваа бременост била криела опасност да се вплетка папочната врвка и ризик едното бебе да прима помалку храна од другото.

За среќа, девојчињата се родени здрави. Со нив најмногу ужива нивниот брат Џексон, кој има 15 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top