Белгијската фабрика за чоколадо „ИСИС Шоколатес“ го смени името во „Либерт“ откако компаниајта имаше пад во продажбата поради асоцијацијата со милитантната група Исламска држава.
Фабриката е основата во 1923 година како „Итало Суис“, но го сменила името во „ИСИС“ во крајот на 2013 година, бидејќи производителот веќе немал никаков допир со Италија и Швајцарија. Таа одлука се покажала погубна за бизнисот.
Веќе во 2014 година во светските медиуми почна да доминира кратенката ИСИС која се однесува на Исламската државата или ИДИС, а потоа почнаа акцииите за освојување на териториите на Сирија и Ирак во кои се убиени голем број цивили и воени заробеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.