| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрика за чоколадо си го смени името поради Исламската држава

tablets

Белгијската фабрика за чоколадо „ИСИС Шоколатес“ го смени името во „Либерт“ откако компаниајта имаше пад во продажбата поради асоцијацијата со милитантната група Исламска држава.

Фабриката е основата во 1923 година како „Итало Суис“, но го сменила името во „ИСИС“ во крајот на 2013 година, бидејќи производителот веќе немал никаков допир со Италија и Швајцарија. Таа одлука се покажала погубна за бизнисот.

Веќе во 2014 година во светските медиуми почна да доминира кратенката ИСИС која се однесува на Исламската државата или ИДИС, а потоа почнаа акцииите за освојување на териториите на Сирија и Ирак во кои се убиени голем број цивили и воени заробеници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top