Дали супербогатите имаат повеќе шанси да бидат подобро образовани? Или ќе ги баталат парите за школарини и ќе се посветат на сериозниот бизнис да бидат сериозно богати?
Според глобалната листа на милијардери, речиси две третини од нив имаат универзитетска диплома. Тоа значи дека дури и во земјите со висок степен на дипломирани студенти, милијардерите имаат непропорционални изгледи да одат на универзитети.
Во Велика Британија, повеќе од четири од пет милијардери биле запишани на високо образование – и не сите станале од парталковци богати.
Листите на образованост се од годишниот извештај за супербогатите, Велт-Икс и Ју-Би-Ес листа на милијардери, кои ги прави Швајцарската банкарска групација и една сингапурска фирма за податоци.
Тие го истражувале богатството и потеклото на повеќе од 2,300 милијардери и откритијата ги уриваат верувањата за богатите како самоуки кои сами почнале да учат фрлени на пазарот.
Исто се верува дека повеќемината се дипломирани, сепак само една четвртина од милијардерите имаат постдипломски степен, а повеќе од еден на десет имаат докторат.
Оваа мапа на богатсвото исто покажува дека кај овие милијардери – кои имаат најмалку 620 милиони фунти и обично три пати повеќе од тој износ – постои веројатност да учеле на некои традиционално најпрестижни универзитети.
Меѓу топ 20-те универзитети кои произведуваат милијардери, доминираат елитните американски институции и заземаат 16 места на листата.
Елитни институции
Универзитетот во Пенсилванија произвел најмногу од сите други институции, по него следуваат Харвард, Јејл, Универзитетот на Јужна Калифорнија, Принстон, Корнел и Стенфорд.
А најбрзиот начин да се заработат пари е работејќи со пари, па милијардерите воглавно ги заработуваат своите богатства преку финансии, банкарство или инвестиции.
Но постојат и некои индикации дека географијата на супербогатите се менува. Одраз за растечката економија на Индија е Универзитетот во Мумбај кој е на девето место на листата.
Единствен британски универзитет на оваа листа на богати е Лондонската школа за економија, на 10-то место, а ги нема Оксфорд и Кембриџ.
Порастот на руското богатство се покажува со 11-то место на Државниот универзитет Ломоносов во Москва.
Но доминацијата на американските универзитети не е само затоа што САД произведуваат повеќе милијардери. Повеќе од една четвртина од милијардерите кои се запишале на американски универзитети да добијат диплома биле од други земји.
Ова е многу поочигледно со постдипломците во САД, каде 39 проценти доаѓаат од страство.
Потоа постои и временскиот јаз, затоа што просечната возраст на оваа група е 63 години, а тие учеле во универзитетски систем пред повеќе од четири децении.
Донации за универзитетите
Поврзаноста со универзитетите продолжува и подоцна во животот. Повеќе од половината од милијардерите се вклучени во филантропски проекти и единственото нешто кое тие го финаисираат е образованието – а во оваа категорија токму високото образование добива најмногу од нивната благодарност.
Ова помага да се објасни како собирањето на средства на Харвард може да достигне до фантатсичната бројка од 6,5 милијарди долари.
Студијата покажува матрица како богатството се концентрира на мал број на места. Повеќе од 40 проценти од милијардерите во Европа живеат само во 10 градови, а предничат Москва и Лондон. Глобално, најголемиот град за милијардерите е Њујорк.
Тоа исто отвара и збунувачки спротивности. Нигерија стана земја со најголем број на деца без пристап до било какво образование – додека во извешатјот стои дека Нигерија е на пат да има најмногу милијардери во Африка.
Постојат повеќе слични меѓународни студии од организации, како што е ОЕЦД, кои покажуваат дека одењето на универзитет останува силна инвестиција во смисла на подобрување на шансата за доаѓање до работа со високи приходи.
Таквите студии ја отфрлаат идејата дека неодењето на универзитет може да биде помудар потег или дека вредноста на дипломата е пониска од цената на студирањето.
Но Френк Фуреди, автор и социјален коментатор и поранешен професор по социологија, вели дека една од „големите тајни“ за експанзијата на високото образование е се поголемиот јаз помеѓу најпрестижните универзитети и останатите.
– Хиерархијата стана позбиена, вели проф. Фуреди.
Овие топ универзитети станаа места каде „се собираат глобалниоте играчи“.
Тој вели дека отсекогаш имало тензии помеѓу универзитетите кои промовираат социјална мобилност и да се биде на пат да се фати предност пред следните генерации.
– Образованието отсекогаш било контрадикторно, тоа е начин некои луѓе да одат нагоре и тоа е начин за зацврстување на привилегиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.