Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, и за среќа нема жртви, јавија грчки медиуми.
Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција. Патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси.
Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање земјиште поради поројни дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.