Новозеландскиот суд ја го отфрли обвинението за планирање убиство кое беше поднесена против Фил Руд, тапанарот на легендарната група „Еј-Си/Ди-Си“.
Правосудството објави дека обвиненијата против 60-годишниот музичар немаат основа, но Фил Руд е уште под обвинение за поседување дроги, соопштено е во петокот.
Руд беше приведен во четвртокот, но не се произнесуваше за вината на кусото рочиште пред судот во Туаранга, околу 200 километри југоисточно од Окленд, туку беше ослободен со гаранција и ограничено движење. За нарачка на убиствата, доколку обвиненијата се докажат, според новозеландските закони следува најмалку седум години затвор.
Адвокатот на музичарот изјави дека на неговиот клиент му е нанесена „непроценлива штета“ и не исклучува дека би можел да побара отштета.
Фил Руд, роден во Австралија, и’ се придружи на легендарната група во 1975 година, а ја напушти во 1983 година, кога се скара со соосновачот на бендот Малколм Јанг, па се врати во 1994 година.
Групата Еј-Си/Ди-Си“ во 1973-та во Австралија е основана од браќата Маклколм и Ангус Јанг, а има продадено 200 милиони носачи на звук. Се прославија во светот со хитовите како „Let There Be Rock“, „Whole Lotta Rosie“, „Dirty Deeds Done Dirt Cheap“, „Back in Black“ и „„Highway to Hell“.
Нивните обожувачи беа шокирани во септември годинава од веста дека 61-годишниот Малколм Јанг се повлекува бидејќи заболел од деменција. Според најавите, во декември ќе го објават новиот албум под наслов „Rock or Bust“, првиот по 2008 година, на кој Маклолм Јанг на гитара го заменува неговиот внук Стиви Јанг.
Официјалните претставници на групата објавија дека не се запознаени со ништо од обвинувањата против руд и тврдат дека тоа нема да влијае врз турнејата предвидена за следната 2015 година, како и дека албумот ќе се појави во продажба како што претходно е најавено
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Гоца Тржан објавува само разголени фотки (ФОТО)
-
Голем пресврт во случајот „Викиликс“: Трамп може да го ослободи Џулијан Асанж
-
„Еразмус“: Обвинение против професорите од Економскиот факултет, запрена постапката за академикот
-
Обивиненија за Србинот и за возачот на автобусот во несреќата кај Удово кога загина брачната двојка од Скопје