Петар Мисовски е нов голман на Металург. Договорот според ракометниот клуб од Автокоманда е со важност до крајот на оваа година, со можност да биде продолжен и во наредниот период. Ова е трето враќање на Мисовски во колективот на Металург.
– Задоволен сум што и по третпат ќе го носам дресот на Металург и што можам да му помогнам на клубот со кој ме врзуваат само добри спомени. Се надевам дека наредната недела ќе истрчаме во Шпанија со најдобриот можен состав и дека ќе имаме успешен настап – вели Мисовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.