Филмот што ја освои наградата за најдобра анимација на филмскиот фестивал „Холивуд викли“ ( Hollywood Weekly) во Лос Анџелес, краткометражна анимација „Денот на крвавите непца“, цртана на паметен телефон, од авторот Димитар Димитров од Бугарија, ќе се прикажува на „Мобил-фестивал 2014“ во Скопје. Анимацијата е направена според расказот на Дилијан Еленков.
Во „Денот на крвавите непца“ станува збор за сиромашен „уметник-камикази“, кој се прехранува од своите дела, но не на традиционален начин.
Покрај оваа голема награда, „Денот на крвавите непца“ е носител и на шест други признанија, меѓу кои наградата на Унијата на бугарските филмски дејци на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Варна, наградата „БГ Видеохолик“ на фестивалот „Видеохолика“ во истиот град и награда од специјален фестивал за филмови правени на паметен телефон во Торонто.
Авторот на филмот Димитар Димитров ќе биде специјален гостин на овогодинешното издание на „Мобил-фестивал“ и ќе одржи работилница на 21 ноември во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.