| четврток, 6 декември 2018 |

Червар се жали дека не зел плата една и пол година, а ракометарите добија експресна суспензија

Лино Червар не зел плата една и пол година, а ракометарите на Металург што се во штрајк заработија суспензии преку брза пошта. Казните летаат молскавично во Металург, а платите очигледно доцнат многу.

Мене ме нападнаа ракометарите дека ги гледам само своите интереси, а јас една и пол година не сум зел плата и продолжив да работам за доброто на клубот. Ова ќе остави силна трага која никогаш нема да зарасне. Со овој клуб освоив пет трофеи и сме меѓу осумтте најдобри клуба во Европа. Се прашувам само како сето тоа сме го направиле ако јас продавав натпревари – изјави за хрватските медиуми Лино Червар.

metalurg-psg-4

Ракометарите кои се побунија против него и се во штрајк денеска добија непријатно изненадување преку сервисот за брза пошта. На капитенот Наумче Мојсоски му е врачен плик со кој играчите се информирани дека се под суспензија.

Околу 20 ракометари се потпишаа на соопштението преку кое го обвинуваат тренерот Лино Червар како главен креатор на дрмата во редовите на македонскиот шампион. Раководството на клубот и сопственикот Минчо Јорданов застанаа зад хрватскиот стратег, со обвинување дека два-тројца ракометари ја матат водата во Металург.

Целиот калабалак се заканува да му нанесе несогледлива штета на Металург, клуб што има две четврт-финалиња во Лигата на шампионите во последните две сезони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top