
Државната изборна комисија (ДИК) попладне ќе одржи отворена седница, на која треба да расправа за предлог-роковникот за дополнување на роковникот за извршување изборните дејствија за спроведување на претстојните локални избори.
На дневен ред на седницата се и предлог-одлуките за избор на најповолна понуда за јавна набавка на услуги за изработка на интегриран информатички систем на Државната изборна комисија за управување со процесите на локални избори, и за јавната набавка на услуги за печатење на гласачките ливчиња и останат доверлив и недоверлив изборен материјал.
Членовите на ДИК треба да расправаат и за барањата за акредитации на набљудувачи за локалните избори и за разрешување претседател, членови и нивни заменици од општинските изборни комисии. Меѓу точките на дневниот ред е и пополнување на местата на претходно разрешените претседатели, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


