| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Стоун сака да сними филм за Путин

Оливер Стоун

Оливер Стоун

Американскиот режисер и добитник на „Оскар“, Оливер Стоун, сака да сними документарен филм за рускиот претседател Владимир Путин. Тоа го споделил самиот тој за време на посетата во Москва. Стоун посочил дека благодарение на филмот Американците можат да ја видат алтернативната варијанта на настаните.

– Би земал интервју од него за да ја покажам на Американците онаа точка што не сакаат да ја видат. Би сакал да се направи документарен филм за него – изјавил тој.

Во четвртокот Стоун пристигнал во Москва за да го одобри сценариото за својот нов филм, посветен на бегалецот, поранешен вработен на ЦИА, Едвард Сноуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top