| четврток, 6 декември 2018 |

Два пати бил во затвор, жена му на породување одела со автобус: Нешта кои не сте ги знаеле за Оливер Драгојевиќ

Оливер Драгојевиќ својот живот не го криел од семејството и пријателите. Сепак некои работи публиката ги знаела, а некои не. Сега за него и неговиот живот зборуваат сите. Многу работи можеби и сам би ги кажал, но лошата болест беше побрза од него.

Ова се помалку познати детали од животот на Оливер.

Оливер не сакал да гледа телевија. Тоа го правел само кога имало важни натпревари.

Два пати бил во затвор. Еднаш бил крив, возел со 63 километри на час, брзина поголема од дозволеното.

Најмногу сакал да јаде шпагети со лук и маслиново масло, како и морски ежеви. Сакал да улови добра риба

Пробал марихуана кога бил млад, од штос. А пробал и кокаин, во Мексико.

Жена му на породување одела со автобус, бидејќи тој бил во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top