Познатиот срцекршач Хери Стајлс од групата „Уан дајрекшн“ во една британска емисија зборува за емотивните и партнерските односи.
– Не е важен полот на личноста со која сум во врска, најважен ми е карактерот – рекол во таа пригода Хери.
Хери гостувал во емисијата заедно со својот колега од групата Лијам Пејн, кога открил пред светот дека полот на партнерот не му е важен.
Кога водителката ги прашала какви карактеристики најмногу сакаат кај девојките – Лијам одговорил:
– Женски, тоа ми е најважно.
На тоа дваесетгодишниот Хари се насмевнал и одговорил:
– Тоа не е најважно! Најважна е добрата смисола за хумор и кога некој е добар кон тебе.
Хери, кој неодамна беше во врска со триесет и двегодишнната комичарка Ерин Фостер, веќе неколку години ги поддржува правата на хомосексуалната популација.
Него медиумите го нарекуваат женкар, поради многуте познати девојки со кои бил во врска, меѓу кои се и суперѕвездата Тејлор Свифт и манекенката Кара Делевин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!