Учесниците во протестите „Милион маски“ во организација на активистичкото движење „Анонимус“ се судрија со полицијата во центарот на Лондон и пред Бекингемската палата.
Извикувајќи „Единствено решение е револуцијата“, учесниците на протестот се обиделе да влезат во зградата на медиумската куќа „Би-Би-Си“, но полицијата го сопрела таквиот обид, пренесуваат странските медиуми.
Демонстрантите фрлале на полицијата со разни предмети и сообраќајни знаци, а потоа ги искршиле металните барикади што ги поставила полицијата. Приведени се петмина демонстранти.
Поголемиот дел од нив носеле маски со ликот на Гвидо Фокс, човекот што на 5 ноември 1605 година се обиде да го дигне во воздух британскиот парламент, а оваа маска на „Анонимус“ стана симбол на незадовилните луѓе, кои се борат против алчноста и економската нееднаквост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)